Кореографката Шукарова учествува на Балтичката танцова платформа


Кореографката Искра Шукарова од 11 мај во Вилнус ќе присуствува на Балтичката танцова платформа. Таа е поканета на регионалниот состанок на мрежата Global Practice Sharing (GPS) каде што е член од нејзиното основање. Целта на мрежата е да развива соработка помеѓу САД и земји од Источна Европа.

Оваа година регионалниот состанок на мрежата се одржува во Вилнус, каде ќе бидат прикажани најдобрите продукциии од балтичките земји во сферата на современиот танц. Платформата е насловена New Baltic Dance (www.newbalticdance.lt)

Шукарова, која е вонреден професор на катедрата за балетска педагогија  на ФМУ, има реализирано успешни соработки со балтички кореографи, конкретно од Рига, кои продолжуваат во насока на танцовата едукација.

Според македонската кореографка, посетата на летонската престолнина ќе овозможи нови соработки насочени кон новата програма за танцова едукација „Nomad to Nomad“, која Шукарова ја иницираше во соработка со ФМУ.