Конвој руски возила и тенкови долг 27 километри оди кон Киев

Конвој руски тенкови и други воени возила што се упатуваат кон Киев се протега на дури 27 километри, пренесува Ројтерс.
Сателитските снимки од конвојот ги направи „Максар“ во понеделникот попладне, а од нив се открива дека конвојот се наоѓа во близина на аеродромот Антонов, за кој последните денови се водат жестоки битки. Ако ова е вистина, тоа значи дека самиот конвој, односно неговиот прв дел, се наоѓа на околу 30 километри од самиот Киев.
„Максар“ вели дека конвојот вклучува стотици оклопни возила, тенкови, топови што ги влечат камиони и други возила.