Контроверзниот Болсонаро против светските лидери: Амазонија не е „наследство на човештвото“
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро изјави дека Амазонија не е „наследство на човештвото“, коментирајќи ги повиците поактивно да се бори против шумските пожари.
Според него, ваквите заклучоци, како и претставувањето на амазонските шуми како „бели дробови на планетата“ се погрешни.
Тој упати критики кон лидерите на „некои држави“, кои, наместо да помагаат, се однесувале „со непочитување во стилот на колонијалистичката политика“.
Болсонаро е категоричен дека Амазонија не е уништена и не е опфатена со шумски пожари, како што тоа го пренесуваат медиумите.