Континуирано ќе се врши чистење на кејот на Вардар


Фото: Б. Грданоски

Се чисти кејот на реката Вардар. 

– Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито, информираа од Град Скопје. 

Како што информираше граодначалникот Орце Ѓорѓиевски, екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

– Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува, вели градоначалникот на Скопје.