Конте: Наполи е блиску до титулата, но треба да го направиме последниот чекор

Тренерот на Наполи, Антонио Конте го се осврна на позицијата на неговиот тим во поредокот во Серија А по натпреварот од 37. коло од италијанското првенство против Парма (0:0).
Конте доби црвен картон во 90+1 минута и ќе го пропушти последното коло.
– Блиску сме до трофејот, но треба да го направиме последниот чекор, кој ќе треба да го направиме дома пред нашите навивачи. Оваа година беше полна со тешкотии, но никогаш не се жалевме. Победата ќе ми врати за се што вложив оваа година. Многу сум уморен. Неапол е одлично место, каде што фудбалот се гледа со голема страст, изјави Конте.
Наполи е на првото место на првенствената табела со 79 бодови, додека Интер е на второто место со 78 бодови.
Во последното 38. коло Наполи ќе го пречека Каљари, додека Интер ќе игра на гости кај Комо. Двата натпревара ќе се одиграат на 25 мај.