Конгресот на Перу едногласно ја отстрани најнепопуларната претседателка во светот

На итна седница, Конгресот на Перу едногласно гласаше за отстранување на Дина Болуарте, најнепопуларниот лидер на земја во светот, од функцијата претседател на оваа земја.
Според анкетите во Перу, Болуарте имаше поддршка од само два проценти од граѓаните на земјата, а беше избрана за претседателка во декември 2022 година.
Причината за непопуларноста беше репресијата што ја вршеше како претседателка, а ова првенствено се однесува на реакцијата на Болуарта на протестите што беа започнати кога беше избрана за претседател.
Болуарте беше назначена кога Конгресот го отстрани претседателот Педро Кастиља, со поддршка на војската и полицијата. Токму овие институции спроведоа, по наредба на Болуарте, репресија врз демонстрантите во Перу.
Наместо Болуарте, Перу во наредниот период ќе го води Хозе Хери, претседателот на Конгресот. Така, Хери стана еден од најмладите светски лидери, а има 38 години.
Следните претседателски избори во Перу се закажани за следната година, а во исто време ќе се избере и нов Конгрес.