Конференција за пристапот до финансии за малите и средните претпријатија

Во Виница денеска ќе се одржи конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, во организација на Фондација Прогресив Академија.
Како што најавија организаторите, преку три фокусирани панели, ќе бидат презентирани конкретни финансиски и донаторски инструменти, поддржани со практични искуства.
– Конференцијата е вистинска можност лично да ги запознаеш клучните луѓе и институции што можат да му помогнат твојот бизнис да обезбеди пристап до капитал, поддршка и нови пазари. На едно место – знаење, контакти и инспирација, соопштија организаторите.