Конечно и тој се ожени – на 50 години


Актерот Џош Раднор, најпознат по улогата на Тед Мозби во ситкомот „How I Met Your Mother“, се ожени на 50-годишна возраст.

Веста ја објави на Инстаграм – во форма на фотографии од венчавката, одржана во снежна бура.

„Се оженив! Пред две недели. Во слаба снежна бура. Беше неверојатно емотивен викенд исполнет со снежно блаженство. Благодарен сум на луѓето што ги сакам што дојдоа во имотот Седар Лејкс за да бидат со нас. Но, најмногу од сè, благодарен сум на Џордан…“

Џордан Џејкобс, сопругата на Џош, по професија е психолог, а актерот го запознала за време на звучна терапија со медитација.

Џош еднаш откри дека од самиот почеток знаел дека Џордан ќе му биде сопруга.

„Штом ја видов, знаев. Помислив – тоа е таа, тоа е твојата сопруга“, изјави тој во интервју за „Њујорк тајмс“.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josh Radnor (@joshradnor)