Концерт со најубавите песни на Каролина на 1 март во Скопје
Каролина Гочева ќе одржи концерт во скопскиот ноќен клуб „Пјур“ на 1 март, со најубавите песни од нејзината кариера, објави „Авалон продукција“. Датумот на концертот е симболично избран, поради нејзината песна „1 март“.
„Први март одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина…А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите. 🙂
Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решивме конечно да организираме дружење со Каролина и нејзините фанови токму на ,,Први март” и во форма на двочасовно патување и ,,Best of” пресек на нејзината кариера… во ноќниот клуб Pure – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште, помеѓу останатите“, велат од „Авалон“.
Влезниците, во ограничен број, ќе бидат во продажба од среда (7 февруари) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.000 денари.