Концерт на „Танец“ и пријателите во чест на Александар Сариевски
Во Националната опера и балет вечер ќе се одржи вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски.
Организаторот на концертот – Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ – Скопје, најавува дека ќе настапат македонските пејачи Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски и хорот и оркестарот на „Танец“.
Ќе бидат интерпретирани најголемите македонски фолклорни бисери „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Филизој моме“, „Нарочува бело Менде, порочува“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Саноќ ми булбул пропеа“, „Сулејман седит на кула“, „Те кажувает, бре, Илиној моме“, „Нит прела гора, нит ткала“, „Ор, невесто, Стојанице“, „Седна баба да вечера една еребица„, „Дејгиди, луди, млади години“, „Сношти го видов убавото Стојне“ и многу други.
– Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го вгнезди своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика. Сариевски за време на своето шестдецениско уметничко творењ
Александар Сариевски е и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“.
Билетите можат да се купат единствено преку онлајн сервисот на следниот линк: https://www.kupikarta.