Концерт на Сенидах и Сара Јо на 1 јуни на стадионот на АРМ

Популарните имиња на регионалната трап / поп сцена во моментов, SENIDAH и SARA JO доаѓаат во Скопје со голем концерт под отворено небо, на 1 јуни на стадионот на АРМ.
По нивниот настап на Ohrid Calling 2021, Senidah и Sara Jo продолжија да го креваат стандардот на балканската музичка сцена; Сенида со хитовите ,,Behute’’ и ,,Jadnaja” и Сара Јо со хитовите ,,Divlja’’ и песната која го запали регионот и која беше евровизиски кандидат за оваа година – ,,Muškarčina” , со постојаност докажуваат дека се највлијателните и најквалитетните регионални женски музички ѕвезди.
Па, оттаму доаѓа и GRL POWER, името на овој фестивал кој има за цел да ги слави регионалните женски артисти и да ја акцентира женската моќ и позиција во музичката индустрија, соопштува организаторот „Авалон продукција“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (05-ти мај) во 09 часот наутро на сите продажни места во мрежата на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 700 денари
ФАН ПИТ: 990 денари (само 1.000 влезници)