Комуникациските оператори на Крим биле цел на хакерски напад
Операторите за комуникации на Крим денеска се изложени на масовен хакерски напад, соопшти регионалното министерство за информации.
Како што пренесува Интерфакс, министерството навело дека нападот DDoS може да ја наруши работата на некои служби, и оти специјалистите го одбиваат нападот.
Не се соопштени размерите на DDoS нападот за попречување или оневозможување на работата на интернет сервисот, кој попречува мрежа, компјутер или друг дел од инфраструктурата на таков начин што нивната употреба е невозможна.