„Комунална хигиена“ ги едуцираше стопанствениците за одлагање на отпадот
Во текот на минатата седмица, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот.
Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се создаваат при работењето на овие стопански субјекти треба правилно и прописно да се одложат, со цел да се постигне максимална заштита на животната средина и јавното здравје, а воедно да се избегне и појава на оштетување или опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот.
Активностите на екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе продолжат и во претстојниот период.