Компанија донира 305 прочистувачи на воздух во вредност од милион евра

Договор за донација на 305 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од 1.000.000 евра, ќе потпише утре Владата со компанијата ЕКОТИП Македонија.
Оваа компанија е лидер во областа на филтрација на воздухот, која во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од реномираниот германски производител Mann+Hummel за прочистување на воздухот во вредност од 1.000.000 евра.
Уредите ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење.