Комерцијална банка не е заинтересирана да преземе банка во стечај, ниту за договорот на Еуростандард банка со Пошта


Комерцијална банка не е заинтересирана да презема банка во стечај, изјавија за „Фокус“ од банката.

„Истакнуваме дека Комерцијална банка не е заинтересирана за стекнување на банката во стечај, ниту за договорот со Македонски пошти, ниту, пак, за кој било имот на Еуростандард банка“, тврдат од банката за „Фокус“ .

Притоа, се додава дека ваквата реакција следува откако еден од сопствениците на Еуростандард банка, Трифун Костовски, по одземањето на дозволата, отвори дилема дали некому му одговара пропаѓањето на Еуростандард банка, заради платниот промет што одеше преку банката и шалтерите на Македонски пошти (над 300 шалтери), како и дали некој ја мерка зградата на Еуростандард банка во центарот на Скопје.