Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите


Почнувајќи од 01.07.2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на дел од орочените денарски депозити на правни лица со фиксна каматна стапка (за договори склучени по 01.10.2017 година) и на дел од орочените денарски депозити на правни лица со прилагодлива каматна стапка (за договори склучени пред 01.10.2017 година) за 0,20 п.п.

Исто така, Комерцијална банка АД Скопје ги намали фиксните и прилагодливите каматни стапки на штедните влогови за физички лица, и тоа: во УСД од 0,01 до 0,10 процентни поени во рочности од 3 месеци, 6 месеци, 12 месеци и 36 месеци, како и во АУД од 0,20 до 0,50 процентни поени во рочности од 1 месец до 36 месеци.

Промената на каматна стапка кај договорите со фиксна каматна стапка ќе се применува по истекот на рокот за орочување кај веќе постоечките договори.