Колумбија ги протера израелските дипломати по пресретнувањето на флотилата за Газа

Претседателот на Колумбија, Густаво Педро, нареди протерување на сите преостанати израелски дипломати од земјата поради пресретнувањето на хуманитарната флотилa за Газа и, како што тврди, за незаконското притворање на две колумбиски активистки – Мануелa Бедоја и Луна Барето.
Двете учествуваа во флотилата „Global Sumud“, која беше запрена од израелската морнарица во меѓународни води. Педро го нарече овој настан „нов меѓународен злостор“ и најави итно раскинување на постоечкиот договор за слободна трговија со Израел.
Израелското министерство за надворешни работи потврди дека пловилата на флотилата беа запрени и патниците пренесени во израелско пристаниште.
Претседателот Педро, познат по острите критики кон Бенјамин Нетанјаху, порано ги прекина дипломатските односи со Израел, но досега четворица дипломати останаа во земјата. Тој исто така го критикуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „соработник во геноцидот“, по што Вашингтон неодамна му ја укина визата.