Колку пари потрошиле општините за набавка на моторни возила и камиони?

Според податоците што се достапни на интернет страницата на овој економски истражувачки институт, дури 85 отсто од потрошените средства биле за набавка на моторни возила, а само 15 отсто за набавка на камиони.
Педесет и три од 81 единица на локална самоуправа потрошиле средства за оваа намена, што укажува дека во просек една општина во периодот од 3 години потрошила 2,5 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони од кои само 396.797 денари за набавка на камиони, се вели во анализата.
Општините од Скопскиот и Пелагонискиот регион потрошиле најмногу средства за набавка на моторни возила во периодот од 2017 до 2019 година и тоа: Скопскиот регион – 47,5 милиони денари додека Пелагонискиот регион – 23 милиони денари.
Линк до pdf верзија.