Колапс на берзата во Москва по најавите за референдум на окупираните територии

Хартии од вредност на Московската берза нагло се намалија по извештаите за одржаување „референдуми“ во сепаратистичките региони Донецк и Луганск и одлуката на Думата да ги додаде концептите „мобилизација“ и „воена состојба“ во Кривичниот законик на Руската Федерација.
До 15:12 часот по московско време, индексот на Московската берза падна за 7,54% на 2247,2 поени, индексот РТС падна за 7,44% на 1177,99 поени. До 15:20 часот по московско време, индексите вратија дел од загубите, но останаа на најниските нивоа во последните недели.