Кокаин, пари, ладно оружје – еден од главните дилери во Битола падна во рацете на полицијата
Кокаин, пари, ладно оружје, затекнала полицијата во големата акција за откривање на наркодилери и дрога во Битола. Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси во Битола на повеќе локации, меѓу нив и населбата Баир при што е пронајдена дрога и се приведени две лица.
„На 15.10.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР ги лишиле од слобода М.С. (42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола. При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, соопшти Сања Стаматва портпарол на СВР Битола.
Двајцата осомничени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола против нив е поднесена кривична пријава.