Која е Инес де Рамон, атрактивната бринета во која се заљуби Бред Пит
Иако зад себе го има бракот со холивудскиот актер Пол Весли, за атрактивната Инес де Рамон почна да се пишува дури откако беше фотографирана со Бред Пит на концертот Боно Вокс. Токму во нејзино друштво Пит го прослави својот 60-ти роденден во Париз
Откако Бред Пит беше снимен со поранешната сопруга на Пол Весли, Инес де Рамон, зад сцената пред концертот на Боно Вокс во театарот „Орфеум“ во Лос Анџелес, каде што ја запозна со неговите познати пријатели Шон Пен, како и со Синди Крафорд и Ранде Гербер, јавноста не престана да зборува за атрактивната 33-годишна.
Деновиве Инес де Рамон, облечена во бел мини фустан, беше фотографирана на париските улици додека беше во друштво на својата сакана, холивудската ѕвезда Бред Пит, држејќи роденденски балон по повод 60-тиот роденден на актерот.
Но, која е навистина Инес де Рамон, убавицата која би можело да ѝ успее да ја „симне од пазарот“ холивудската ѕвезда. Таа ја гради својата кариера во светот на накитот и моментално работи како потпретседател на „Anita Ko Jewelry“, според нејзиниот профил на LinkedIn. Поминала и четири години во швајцарската компанија за луксузен накит „de Grisogono“, а една година работела во одделот за накит во „Christie’s“.
А освен со накит, таа е опседната со здрав начин на живот до тој степен што има лиценца за работа како нутриционист. Дека навистина знае што и како да јаде јасно се гледа во нејзината витка фигура, а сака да ја истакнува со аутфити.
Таа живее во Лос Анџелес и течно зборува француски, германски, шпански и италијански, покрај, се разбира, англискиот. Пред да живее во Америка, од 2010 до 2013 година, таа живеела во Швајцарија и студирала бизнис во Женева.
Зад неа е бракот со ѕвездата од „Дневникот на вампирот“ Пол Весли, со кој се омажи во 2019 година. Иако се чинеше дека имаат брак од соништата и го посвоија кучето Грегори, во мај 2022 година решија да тргнат секој по свој пат, што го потврдија во септември преку заедничка официјална изјава.