Кој за што, Лефков за Путин, Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува повеќедневната кампања започната пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО во Скопје, во која се обидува да каже дека СДСМ бил продолжение на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. За оваа бесмислена тирада на самобрукање и самопонижување е задолжен пратеникот Миле Лефков.
„СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим.
СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како Русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како што е Борче Марковски.
Сличноста меѓу Марковски и Онишченко не води до ист заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче се негувале односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко, а за кои постојат основани сомнежи за коруптивни шеми“, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков.