Кои се земјите со најдобри и најлоши патишта во Европа?
Европа има една од најдобрите патни инфраструктури и ги има најбезбедните патишта во светот. Но, најдобриот квалитет на патиштата не секогаш е еднаков на безбедноста, бидејќи податоците сугерираат дека некои земји со добра инфраструктура имаат повеќе несреќи со фатални последици.
Земјата, пак, што може да се пофали со една од најдобрите велосипедска инфраструктура во светот се издвојува ширум светот и по тоа што има некои од најдобрите патишта за возила. Холандија го зазеде највисокото европско место во Извештајот за глобална конкурентност за 2019 година објавен од Светскиот економски форум, последната суштинска студија направена за квалитетот на патиштата пред ударот на пандемијата COVID-19.
Во Европа, истражувањето откри дека западноевропејците имаат – или сметаат дека имаат – подобра патна инфраструктура на континентот. Источноевропејците, од друга страна, имаат севкупна мрачна слика за квалитетот на патиштата во нивните земји. Притоа, Холандија (6,4) го зазема првото место по квалитетот на патиштата во Европа – и е надмината само од Сингапур (6,5) на глобално ниво – по што следат Швајцарија (6,3) (која е исто така трета во светот), Австрија (6), Португалија (6), Шпанија ( 5,7) и Хрватска (5,6). На глобално ниво, четвртото и петтото место за подобар квалитет на патната инфраструктура им припадна на Хонг Конг (6,1) и Јапонија (6,1).

Најдолната петорка на листата во Европа ја прават Малта (3,3) која е 106-та на глобалната листа од 141 земја, Украина (3) на 114-то, Романија (3) на 119-то, Босна и Херцеговина (2,8) на 121-то место во светот со дното,а Молдавија (2,6) на 127 место.
Најлошите патишта во светот, според анкетираните бизнисмени од Светскиот економски форум, се низ Африка, Карибите и Блискиот Исток, пред се се во Чад (1,9), потоа Мавританија (2,0), Мадагаскар (2,0), Јемен ( 2,1), Хаити (2,1) и ДР Конго (2,1).
Може да наидете на неколку изненадувања притоа. Белгија (4,4) заостанува зад повеќето соседи во Западна Европа. Истото важи и за Италија (4,4), Ирска (4,4) и Исланд (4,1). На источната страна на Европа, Грција се издвојува со оценка 4,6, далеку од првото место, но посилна од соседите Бугарија (3,4), Северна Македонија (3,4) и Албанија (3,9). Друг позитивен резултат е Турција (5,0) која постигна подобри резултати од некои западни и нордиски земји, како Норвешка (4,5) и Обединетото Кралство (4,9).

Каква е оценката за безбедност на патиштата во Европа? Во 2020 година сообраќајните несреќи во земјите-членки на ЕУ однесоа околу 18.800 животи, а повеќе од 500.000 луѓе беа повредени. Тие бројки може да ве погодат, но континентот останува далеку најбезбедниот регион во светот кога станува збор за безбедноста на патиштата. Сепак, постојат важни разлики меѓу земјите. Некои од земјите кои се на врвот на листата со најмал број на жртви на милион жители, како што се Холандија, Швајцарија, Норвешка, Данска и Финска, исто така се високо рангирани во истражувањето за квалитетот на патната инфраструктура на Светскиот економски форум. Хрватска, сепак, една од врвните земји по квалитет на патната инфраструктура, е високо рангирана на листата на жртви, а исто така и Португалија.

На глобално ниво во Европа, патиштата стануваат побезбедни. Ова може да се види со падот на бројот на сообраќајни несреќи што резултирале со повреди или смрт од 2010 до 2020 година. Земјите како Норвешка, на пример, го намалија бројот на фатални несреќи за 46 отсто во последната деценија. (Еуроњуз)