Кои се најдобрите работни места за 2021 година
Годишното рангирање на најдобрите работни места се заснова на платата, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и нивото на стрес
Може ли да имате работа од која сте многу задоволни, а во исто време да имате шестцифрена плата? Да, ако изберете паметно.
Многу од извештаите објавени претходните денови имаат еден заеднички заклучок, а тоа е дека тие го нашле одговорот на прашањето кои се најдобрите работни места за оваа година, а кои се платени над 100.000 американски долари годишно или повеќе.
„Ниту една работа не им одговара на сите, но многу од најдобрите имаат неколку заеднички карактеристики“, се вели во годишното рангирање на „најдобрите работни места“ за 2021 година. За прв пат по три години, програмерот не успеа да ја одржи позицијата број еден. Стоматолозите исто така беа исфрлени од најдобрите пет оваа година и беа потиснати на деветтото место на рангирањето.
Оваа година, првото место му припадна на помошник лекар (просечна плата од 112.260 долари годишно; неопходно образование е магистратура), следуваат софтверски програмер (107.510 долари годишно, за што е потребна диплома), медицинска сестра (110.700 долари годишно, за што е потребна магистерска диплома), менаџер на медицински и здравствени услуги (100.980 долари годишно) и лекар (206.500 УСД годишно, за што е потребен докторат).
Истражувачите ги разгледале работните места со најголем предвиден број и процент на отворања од 2019 до 2029 година, утврдени од Американското биро за статистика на трудот. Потоа, тие разгледаа низа други фактори рангирани на скала од 1 до 10, вклучувајќи нивоа на стрес, идни перспективи за кариера, стапка на невработеност и предвиден десетгодишен раст на бројот на овие работни места.
Посебното рангирање на познатиот Glassdoor за „50 најдобри работни места во Америка“ за 2020 година ги смести на врвот инженерите (компјутерски програмери кои заработуваат просечна основна плата од 105.240 американски долари годишно), а потоа следеа научниците за податоци, а според Бирото за статистика на трудот, кое исто така се совпаѓа со оваа листа, следуваа Java – програмери (83.589 УСД), научник за податоци (107.801 долари), менаџер на производи (117.713 долари) и инженер (107.310 ддолари), пренесува Деловен телеграф.
Рејтингот на Glassdoor беше одреден со мерење на три фактори: потенцијал за заработка (просечна годишна основна плата), вкупна оцена на задоволството од работата и бројот на слободни работни места. За да се земе во предвид работното место, тоа мора да добие најмалку 100 оцени за задоволство од работата што ги споделуваат американските работници во текот на една година.