Кои се лауреатките на манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ на Марили


Годинава, на 17 мај 2025 година, со почеток од 10 часот, во „Панорамика Дизајн Хотел“ ќе се одржи четвртиот по ред регионален „Марили Бизнис Форум“.

Овогодишната тема е „Туризмот- Фактор за економски развој и конкурентност во земјава и
регионот“. Модераторите, како и панелистите доаѓаат од реномирани и докажани македонски и регионални компании, и во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.

Вовед во сесите ќе биде анализата за вицегувернерката м-р Ана Митреска, на тема „Улогата и пристапот до финансирање на малите и средни претпријатија во македонската економија“.

Првата панел сесија е насловена „Алтернативни форми на туризам – Рурален развој и одржливост на дестинации како фактори за локален развој, втората панел сесија е именувана „Хотелско- туристичка индустрија – Можности, трендови и предизвици“, додека пак третата, последна сесија е насловена „Ено – гастро концепт, автентичен и современ начин на развој на туризмот“.

„Гости на Форумот се и членките на Марили Бизнис Клуб, кој го сочинуваат најдобрите жени менаџери, кои биле дел од наградените лауреатки во изминатите 28 години. Тие даваат поддршка на сите проекти на „Марили“, независно дали станува збор за едукативни или пак хуманитарни проекти, соработуваат, се вмрежуваат и го поддржуваат јакнењето на лидерството“, вели Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на агенција „Марили“ и организатор на „Марили Бизнис Форум“.

На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки ќе бидат
прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите се
препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни
области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот.
Годинава дури 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“. Од
нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р. Србија и една од Р. Хрватска.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемашво и
лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на
што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку
својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат,
охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Во продолжение список со овогодишните лауреатки:
1. Анита Атанасовска
Генерален менаџер
„Супериор Лукс“ Скопје
2. Стевка Василева
Генерален менаџер

ПЗУ „Д-р Александар и д-р Методи Белушкови“ Радовиш
3. М-р Дафинка Ивановска
Извршен менаџер и Рубинов директор во „тианДе“
„Ревитал Козметикс“ Скопје
4. Д-р Оливера Клинчарова
Претседател на Одбор на директори
„Делта ИНС Брокер АД Скопје“
5. Д-р Даниела Михајловска
Генерален менаџер
„Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ Скопје и Гостивар
6. Елена Лотеска Наумовска
Генерален менаџер
„Брод Армада“ Охрид
7. Д-р Маја Петаноска
Бренд менаџер и косопственик
ДПТУ „ДЕРМАЕСТЕТИКА“ ДОО Скопје
8. М-р Ирена Миновска – Пехливанова
Стратегиски менаџер
„Авто-Мото Сојуз на Македонија“ – АМСМ
9. Арзијана Фејзи
Менаџер за правни работи
„Рамацоти Фуд“ Гостивар
10. Јанинка Чупаркоска
Генерален менаџер
„КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци
11. Проф. д-р Јана Манева – Чупоска
Визуелен уметник
Претседател на ДЛУМ
12. М-р Барбара Оленик Станичиќ
Директор на сектор за Човечки ресурси
Јадран д.д, Цриквеница, Р. Хрватска
13. Слободанка Цока Стевиќ
Генерален менаџер и сопственик

ТА „Кондор ТИС“ Лозница, Р. Србија