Книгата „Кожа“ од Наташа Сарџоска објавена во САД
Книгата „Кожа“ на авторката Наташа Сарџоска е објавена во САД во издание на „Inner Child Press“.
Уредник на изданието е Хулја Гилмаз, автор на предговорот е Катица Кулафкова, а на корицата фотографот Хани Арбид. Станува збор за избор песни што е објавен и во Џенова во 2017 година.
Годинава, Сарџоска ја објави и својата петта поетска книга „Крстна коска“ кај издавачот ПНВ Публикации. Нејзините книги се преведени и на шпански и италијански јазик, а наскоро таа ќе биде застапена во поетски антологии во Колумбија и Италија.