Кнежевството вели дека здравствената состојба на принцезата Шарлин од Монако е „стабилна“


Франција – Официјални лица во кнежеството Монако соопштија дека принцезата Шарлин е во „стабилна“ состојба, по извештаите на јужноафриканските медиуми дека не е добро.
Палатата соопшти дека денес подоцна ќе објави соопштение за здравјето на поранешната олимписка пливачка. Принцезата Шарлин (43), која е во брак со владетелот на Монако, принцот Алберт Втори, престојуваше подолго време во својата родна земја Јужна Африка.
Минатиот месец таа беше подложена на мистериозна операција во Јужна Африка. Францускиот весник Ница Матин го цитираше Алберт во тоа време дека „интервенцијата помина добро, принцезата се одмара и и со мислите сме со  неа“.
Наводно, таа страдала од проблеми со синусите.(АП)