Кнесетот се самораспушти, нови избори во Израел на 17 септември


Израелскиот Парламент се самораспушти и закажа нови парламентарни избори за 17 септември.


Кнесетот гласаше оваа ноќ за своето самораспуштање со 74 гласови „за“, а 45 „против“ по иницијатива на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.


Тој не успеа да формира владина коалиција по парламентарните избори во април.
Организирањето на вторите парламентарни избори во рок од една година и распуштањето на парламентот само еден месец откако станаа пратеници се случува првпат во историјата на Израел.