Ќе се замрзнат и цените на оризот и јајцата
Оризот и јајцата ќе се најдат на листата на производии чии цени ќе бидат замрзнати, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој рече дека листата на производи со замрзнати цени ќе се прошири доколку се увиди дека цените во трговијата се зголемиле во текот на ноември.Одлуката нема важи за денешните цени, туку за цените на прозводите кои биле формирани од страна на трговците од 1 декември.
Владата пред два дена донесе одлука за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, млекото, свежо месо и сувомеснати произоводи, сирење и урда, на предлог на Министерстово за економија. Министерот за економија најави дека оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.