Ќе се врши обдукција на убиениот на Бит Пазар, Обвинителството прибира снимки


Фото: Б. Грданоски

Телото на загинатиот во вчерашната престрелка на Бит Пазар е предадено на обдукција, а од лице место прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење.

Основното јавно обвинителство соопшти дека извршен е увид на местото на вчерашната вооружена престрелка. 

– По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот, велат од ОЈО.