Ќе се сретнат или ќе се разминат Зеленски и Лавров во ОН?
За прв пат од почетокот на војната, претседателот на Украина Володомир зеленски и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров би можеле да се сретнат „лице в лице“ на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.
Зеленски треба да зборува на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина, што значи дека технички ќе биде на иста маса со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Тој во понеделникот попладне пристигна во Њујорк со сопругата Олена и најави дека „ќе претстави конкретен предлог до членките на ОН за тоа како да го зајакнат принципот на територијален интегритет и да го подобрат капацитетот на ОН за спречување и запирање на агресијата“.
По пристигнувањето во Њујорк претседателот на Украина ги праша ОН зошто на рускиот министер за надворешни работи му е дозволено да присуствува на самитот во Њујорк и покрај инвазијата на Украина.Володимир Зеленски при посетата на болницата во Њујорк, каде што се лекуваат украинските војници, рече дека светските претставници треба да сносат одговорност за таа одлука.
„За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и пораки, рече Зеленски.
Запрашан дали ќе остане во просторијата за време на говорот на Лавров, тој рече: „Не знам како ќе биде, навистина“.
Да потсетиме, денеска во Њујорк започнува 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на која ќе се соберат повеќе од 140 светски лидери и државни претставници, а се очекува климатските промени и војната во Украина ќе биде меѓу главните теми.