Ќе се градат 14 базени, од нив пет во Скопје


The training pool at the new Olympia Centre.
Прилеп, Битола, Гостивар, Велес, Неготино, Струмица, Штип, Тетово и Кичево се деветте градови кои ќе добијат базени, а во проектот се вклучени и пет скопски општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош.
Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување Договор за повеќегодишна јавна набавка.
Во следните три години, пет скопски општини и девет градови треба до Агенцијата за млади и спорт да достават предлог локации за изградба на базените.
Средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000 денари треба да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.
Дополнително, со заклучок на Владата на РСМ, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните три години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општинитe Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и да обезбедат Одобрение за градба.