Ќе се формира Центар за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот


Владата на денешната 21 седница го задолжи Министерството за одбрана во својата постоечка организациска структура да вгради Центар/Оддел за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот.

– Дополнително за ова прашање Владата го задолжи Министерството за финансии да издаде финансиска согласност за вработување на административни службеници во Министерството за одбрана, за работни места поврзани со Центарот/Одделот за поддршка на компании при настап на НАТО пазарот, за кои веќе се обезбедени финансиски средства во буџетот на Министерството за одбрана и тоа за: 1 (еден) државен советник, 1 (еден) советник и 1 (еден) соработник, се наведува во соопштението од владината седница.

Покрај ова, Министерството за одбрана е задолжено да ја известува Владата за постигнатиот напредок за формирање на Центарот/Одделот за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот.