Ќе го „даде“ ли Јакимовски Карпош? Лукровски води со 800 гласови предност


По пребројани речиси 58 отсто од гласовите во скопски Карпош во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски.

Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски во неколку мандати, заостанува зад својот противкандидат за 800 гласови.

Сепак, засега пребројани се 46 од 74 гласачки места, односно  35.375 од 56.856 гласачи.