Ќе биде ли Хрват претседател на Чиле?

Во Чиле, во декември, ќе биде одржан втор круг од претседателските избори, бидејќи десничарот Хозе Антонио Каст заврши на прво место во првиот круг гласање во неделата.
Тој беше пред левичарскиот пратеник и поранешен лидер на протистите Габриел Бориќ.
Врз основа на речиси 97 отсто од пребројаните гласови, Каст освои 27,94 отсто од гласовите, наспрема 25,75 отсто од гласовите кои ги освои Бориќ, пренесе Ројтерс.
Умерените кандидати на десниот центар исто така се покажаа добри, што, како што оценува Ројтерс, е потенцијално зајакнување за Каст.
„Денеса проговори народот на Чиле“, изјави Каст во својот говор пред приврзаниците по објавените резултати, додавајќи дека изборите се всушност избор меѓу „слободата и комунизмот“.
Бориќ, од друга страна, допре до криминалот и трговијата со дргоа во својот говор, нешто што ретко го правеше во изборната кампања, што според Ројтерс, претставува обид да стигне и до поширока база на поддршка.
„Крстоносна војна е надежта да се победи стравот. Мора да гледаме понатаму и да излеземе надвор за да ги доведеме луѓето над нашите граници“, порача Бориќ, 35-годишен пратеник по потекло од Хрватска, кој во 2011 година ги предводеше студентските протести, барајќи тогаш подобрување на чилеанскиот образовен систем.