Ќафасан, Блаце и Свети Наум добиваат „One Stop Shop“, но кога точно, Сали не кажа
Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик-претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар.
Според заменик-претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со соседите е една на политиките на владиниот кабинет.
-Владата нема затворено процес кој што долго време беше очекуван за олеснување на движењето на граѓаните меѓу двете соседни земји. Како што е познато, првата фаза од олеснувањето на движењето беше со системот One Stop Shop на Табановце, а за неколку денови со Република Албанија ќе се операционализира делот за движење на граѓаните на Ќафасан, во Блаце и Свети Наум. Оваа Влада сериозно пристапува на оваа тема и одржувањето на добрите односи со соседите е една од нашите политики и програмски определби – одговори Сали.
Пратеничката Арбана Пашоли искажа незадоволство од одговорот заради како што рече непрецизирани рокови и стартот на овој систем на заеднички гранични контроли.