Кина развива пет вакцини против коронавирус
Кина во моментов развива пет вакцини против коронавирус, од кои некои се во трета фаза на клиничко испитување во некои странски земји, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.
Портпаролот на Министерството, Жао Лиџијан изјави дека од избувнувањето на коронавирусот, кинеската Влада развила пет различни технолошки пристапи во развојот на вакцината, пренесе агенцијата Ксинхуа.
Кинеските вакцини се во третата фаза на тестирање во Емирати, Бразил, Пакистан и Перу, додека некои вакцини се во втора фаза на тестирање.
– Најнаселената земја во светот тесно соработува со Светската здравствена организација, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација и е дел од системот КОВАКС, додаде Жао.