Кики Мукаетова ја освојува поп-сцената со песната „Loop“
Тинејџерката Кики Мукаетова , на пошироката јавност позната по улогата на Кики во серијалот „Дајте музика“, по учеството на Јуниорскиот Евросонг 2021 , ТВ емисијата за Скопје, „Низ град“, и како бренд амбасадор на италијанскиот накит „Ребека“, повторно го привлекува вниманието на публиката со својот најнов сингл „Loop“, објавен на 31 октомври 2025 година.

Зад музиката и продукцијата стои Лазар Цветковски, еден од највлијателните македонски музички продуценти, а текстот го потпишува Магдалена Цветковска. Комбинацијата на нивниот препознатлив стил и енергичниот вокал на Кики резултира со песна што звучи и модерно и енергично.
Песната носи современ поп звук со електронски влијанија и заразен ритам, создадена да ја освои генерацијата што живее во брз ритам, но често се наоѓа „во круг“ на љубовта и емоциите.
Видеоспотот за „Loop“, кој за само неколку дена од објавувањето има над 65000 прегледи на YouTube, е визуелно впечатливо дело на Takat Studio. Камерата ја води Кристијан Теодоров, а како продуцент се потпишува Генц Халими. Танцовите сцени ги потпишува Eureka Dance Studio, додека костимите се дело на MNML by Nana.