Кичевското обвинителство ќе го гони Ел Чека
Основното јавно обвинителство Кичево е надлежно за постапување за неовластено објавените снимки на Фејсбук профилот на жител на кичевското село Турин.
Како што соопшти Јавното обвинителство, кичевецот кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, каде преку неговиот фејсбук профил „Ел Чека“ неовластено објавува снимани материјали и побара од надлежните органи во САД да преземат мерки да не се објавуваат сниманите материјали.
Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на едно лице кое е со адреса на живеење во кичевското село Турин, но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот Фејсбук профил „Ел Чека“ неовластено објавува снимани материјали.
По проучување на наводите во кривичната пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство.
-Во меѓувреме, а имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Воедно, обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.