Кесиќ ни ја кажа вистината во очи: Публиката уживаше во ироничниот хумор на српскиот новинар во Скопје
Познатиот српски новинар и стенд ап комичар Зоран Кесиќ (49), автор на култната емисија со децениски стаж „24 минута са Зораном Кесичем“, синоќа, во Филхармонија приреди вечер каде вистината не насмеа , а смеата ги откри вистините што ги премолчуваме. Публиката два часа уживаше и се смееше на неговиот жив, препознатлив стил – микс од интелигентен хумор, реален коментар и неверојатна енергија на сцена, на различни теми: за Македонците и нивните соседи, Грци, Бугари и Срби, за секојдневната политика ( особено за Вучиќ, како негов критичар), преку религијата, машко- женските односи (а се спомнаа и машко-машки), естрадата (не беа поштедени ниту Аца Лукас и Јелена Карлеуша) до социјалните мрежи и корупцијата, која Кесиќ предложи да ја патентираме и заштитиме како етнички елемент за ова поднебје.

„Ние немаме отворени прашања. Ама да почекаме, шоуво трае 2 часа, дотогаш може да се скараме“, рече Кесиќ, на почетокот од урнебесната вечер насловена „Приказни и песни“ каде се споија театарот, музиката, јавниот коментар и интимната исповед.
„Се надевам дека нема да биде уапсен во Македонија. Не сум Аца Лукас“, се пошегува Кесиќ.
„Од Грците сте го зеле Александар, Бугарите од вас Гоце Делчев.А да ви го дадеме ние малку Вучиќ. Не го сакате, а ? ја праша Кесиќ публиката.
Дури се симна меѓу публиката и подели под 100 марки со неговиот лик со коментар дека „на времето кој имаше 100 марки на времето беше „цар“ а сега сто евра не вредат ништо“.
Зоран Кесиќ се пошегува и на своја сметка, често ја спомнуваше сопругата, прозбори и за тоа дали ќе има работа, па извади минијатурен список, што би работел, ако не не би бил новинар и стенд ап комичар. Се шегуваше и за славата, дали му е подобро што е познат или не, и што се случува со познатите кога ќе ги симнат од ТВ-екраните.
На крајот Кесиќ ја поздрави публиката со позајмен цитат од песната на Влатко Стефановски: „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје.“ А таа, пак му возврати со громогласен аплауз, зашто ваквите, искрени, со интелегентен хумор вечери, се реткост во Скопје. (Л.С.)
За крај Кесиќ порача дека државите во регионот ги обединува корупцијата и мразењето а на публиката и подели под 100 марки со неговиот лик со комеентар дека на времето кој имаше 100 марки на времето беше „цар“ а сега сто евра не вредат ништо.
Зоран Кесиќ е српски телевизиски водител, сатиричар и комичар роден во Белград. Неговиот препознатлив стил – микс од иронија, реален коментар и неверојатна енергија на сцена – може да се види и на на „24 минути со Зоран Кесиќ“, која прерасна во најдобрата Балканска политички-сатирична емисија.
-Со своето шоу „Приказни и песни“, Кесиќ носи вечер каде вистината ќе не смеe, а смеата ќе ги откриe вистините што ги премолчуваме. Во својата препознатлива комбинација на иронија, сатира и топлина, Кесиќ зборува за теми кои сите ги познаваме, но ретко се осмелуваме да ги анализираме: секојдневието во балканската реалност, политичките апсурди, културните навики, човечките слабости и радости, и сите оние ситни детали што ја прават реалноста истовремено и болна и смешна. Со него, дури и најсериозните теми стануваат причина за смеа – онаа вистинската, ослободувачката смеа што поврзува луѓе, најавуваат организаторите.