Казнети 262 мотоциклисти, одземени девет мотоцикли


 Санкционирани се 262 возачи на мотоцикли за направени прекршоци во периодот од 4 до 10 јули во рамки на засилена акциска контрола на територијата на државата.
 

-Од нив, 182 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 45 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

МВР информира дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.