Казнет гостиварец кој со возило се движел по Камени мост


Вчера е санкциониран И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје.

Како што информираа од МВР, изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.