“Kажу да време лечи све” – ова е последната отпеана песна на Тоше (видео)
“Kажу да време лечи све” е последната отпеана песна на прерано починатата мега -ѕвезда која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител , диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (диџеј Ерик Фокс).Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден (денес ќе славеше 43 години), се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.
Првата демо снимка е направена во септември 2004 година во домашното студио на Кирил.
Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.
За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други.