Кавадарци субвенционира купување велосипеди

Општина Кавадарци со триста илјади денари ќе субвенционира купување велосипеди, денеска е објавен јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди за оваа година.
– Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, се вели во јавниот повик, кој трае до седми мај.
Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход по лице.