Кавадарци со црн биланс: Приведени лица за напад врз татко и врз екссопруга


Фото: Б. Грданоски

Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал. С.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес. 

Kавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, откако во полиција било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.И., по претходна пријава дека во неговиот дом, физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал, соопштија од СВР – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.