Кавадарчанец пријавил физички напад од сопругата

Кавадарчанец во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 13 часот во ОВР – Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека на 19 април, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 39-годишна сопруга, појаснуваат од СВР – Велес.
Како што истакнуваат оттаму, се преземаат мерки за расчистување на настанот.