Кавадарчанец два пати во ист ден фатен како вози без дозвола


Фото: Б. Грданоски

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци поради управување мопед и возило без возачка дозвола.

При сообраќајна контрола во 12:30 часот на улицата „Дисанска“, полицијата запрела мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од К.М., при што било утврдено дека го возел без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.

Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улицата „Љубљанска“, полицијата повторно го лишила од слобода, откако бил затекнат како управува патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки – повторно без возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.