Кавадарачанец упатувал смртни закани и изнудувал пари од градоначалник


Јавно обвинителство (Фото: Б. Грданоски)

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истражна постапка против едно лице од Неготино, осомничено за обид за кривично дело „Изнуда“ и за „Загрозување на сигурноста“, според Кривичниот законик.

„Осомничениот на 2 септември, од анонимен фејсбук профил, му испратил порака на градоначалникот на Неготино и со сериозни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра,“ соопшти Обвинителството.

Во периодот од 4 до 18 септември, во повеќе наврати, осомничениот испраќал пораки со смртни закани до градоначалникот и на официјалната електронска пошта на Општината. Со тоа, како што наведуваат надлежните, кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на страв и загрозена безбедност.
 
„Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор,“ информираат од ОЈО Кавадарци.