Научниците создадоа глушец од двајца татковци


Научниците за прв пат создадоа глувци со двајца биолошки машки родители, што е значајна пресвртница во репродуктивната биологија. Тимот предводен од Кацухико Хајаши, професор по биологија на геномот на Универзитетот во Осака во Јапонија, произвел јајца од клетките на кожата на машките глувци кои, кога ќе се имплантираат кај женските глувци, произведувале здрави младенчиња, објави […]

Гете-институт ја носи во Скопје светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија


Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а од 3 до 28.4.2023 ќе може да се посети во изложбениот простор на Културно-информативен центар во Скопје.   Изложбата Вселена.Човек.Интелигенција. обработува пет големи тематски области: вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција. За секоја […]

Најавена првата летачка такси-услуга во Чикаго


„Арчер авиејшн“ и „Јунајтед ерлајнс“ склучија партнерство за новата заедничка комерцијална воздушна такси-услуга во Чикаго, САД. Компаниите планираат до 2025 година центарот на градот воздушно да се поврзе со Меѓународниот аеродром „О’Хејр“. – Возбудливата нова технологија дополнително ќе го декарбонизира нашиот превоз, па така ќе направиме нов чекор кон летовите и борбата против климатските промени. […]

Со вештачка интелигенција создадоа фотографии од „апсење“ на Трамп


Фотографии од „апсење“ на Доналд Трамп кои можеби сте ги виделе на социјалните мрежи се дефинитивно лажни – тие се создадени од вештачка интелигенција. Но, некои од овие фотореалистички креации се доста убедливи. Други повеќе личат на фотографии од видео игра. Нишката на Твитер на Елиот Хигинс, основачот на Bellingcat, на која се гледа како […]

Кинеската Влада најави дека ќе се спротивстави на евентуална принудна продажба на ТикТок


 Кинеската Влада денеска соопшти дека ќе се спротивстави на можните планови на САД да го принудат кинескиот сопственик на ТикТок да ја продаде апликацијата поради наводни безбедносни ризици и предупреди дека таквиот потег ќе ја поткопа довербата во американските инвеститори. Ако веста е вистинита, Кина решително ќе се спротивстави на тоа, изјави портпаролката на кинеското […]

НАСА лансираше нов костум за Месечината


САД– НАСА ги претстави новите костуми за астронаутите кои ќе се упатат кон Месечината. Она што ги разликува овие модели од претходните е бојата, тие повеќе не се бели туку темно сиви, а астронаутите ќе ги носат на нивното патување во 2025 година. Модерните костуми се дизајнирани од компанијата Axiom. „Оваа соработка е клучна за […]

Ова е најголемиот изум на човештвото. Ќе нѐ погоди како торнадо, а ние не сме подготвени


За само неколку месеци, системот за вештачка интелигенција ChatGPT донесе вистинска револуција – дава совети, пишува и лекторира текстови, помага при поправки на автомобили и многу повеќе. Познатиот американски есеист и повеќекратен добитник на Пулицерова награда Томас Лорен Фридман во својата најнова колумна за „Њујорк Тајмс“ се обиде да објасни што тоа може да значи […]

Новото откритие покажува дека животот пристигнал на Земјата од вселената


Научниците за прв пат открија еден од клучните градежни блокови на молекулата на РНК во примероците земени од астероидот Рјугу. Новото откритие укажува на можноста дека градежните блокови неопходни за потеклото на животот пристигнале на нашата планета од вселената и дека рудиментирани форми на живот би можеле да постојат на друго место во Сончевиот систем. […]

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција


САД– Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита […]

Директорот на „Рено“ е убеден: Електричните автомобили се иднината


Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, се осврна на иднината на автомобилската индустрија и рече дека моторите со внатрешно согорување полека заминуваат во историјата. На настанот организиран од списанието „Политико“ во Германија, Де Мео рече дека производителите на автомобили веќе одговориле на плановите на ЕУ да воведе политика за нулта емисија на штетни гасови […]

(Видео) Роботска ајкула дневно собира по 21 илјада шишиња


Роботската ајкула која ја измисли компанијата RanMarine би можела да даде значителен придонес во чистењето на реките. Основач на компанијата RanMarine е Ричард Хардимен, кој идејата за роботска ајкула ја добил откако гледал како двајца мажи се мачат обидувајќи се од својот чамец да соберат отпад. „Собираа отпад од водата додека ги дуваше ветер. Нивниот […]

Вештачки лисја произведуваат електрична енергија користејќи ветер и дожд


Италијанските научници измислиле вештачки лист кој може да се додаде во растенијата за да произведува електрична енергија со помош на капки дожд и ветер. Системот работи фантастично во услови на дожд и ветар и може да го напојува LED осветлувањето и сам да се напојува. Фабијан Медер, истражувач кој ја проучува био-инспирираната мека роботика на […]

Научниците развија „космички бетон“ за изградба на живеалишта на Марс


Повеќе од 50 години ниту една човечка нога не стапнала на Месечината, а сега човештвото се подготвува за нов голем чекор во истражувањето на вселената. Месечината, а потоа и Марс ќе станат првите дестинации за човечки живеалишта. Научниците тестирале различни материјали за градење живеалишта на Марс. Иновацијаta на ова поле доаѓа од научниците од Универзитетот […]

НАСА фотографираше можна локација на Месечината за слетување на мисијата Артемида III


Американската вселенска агенција НАСА, поточно нејзиниот Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO), фотографираше можна локација за слетување на астронаутите на Месечината во мисијата Артемида III, која е дел од програмата Артемис. LRO беше лансиран во јуни 2009 година и обезбедува поглед на Месечината од тогаш. Сондата има седум инструменти, вклучително и LRO Camera (LROC), која прави црно-бели […]

Јутјуб го враќа каналот на Трамп


САД– Компанијата Јутјуб  (Alphabet Inc. YouTube) денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство. Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол кога Конгресот почна да ја […]

„Мајкрософт“ додава вештачка интелигенција во „Офис“


 „Мајкрософт“ објави нови планови за вештачката интелигенција и достапноста за повеќе корисници до неа, како одговор на достигнувањата на „соперникот“ „Гугл“ во истата област. „Мајкрософт“ вчера го претстави новиот „Копилот“ т.е. асистент со вештачка интелигенција, за новиот пакет „Мајкрософт офис 365“ што вклучува „Ворд“, „Ексел“, „Пауерпоинт“ и „Аутлук“. Овие програми во иднина ќе може „да […]

Новите скафандери на астронаутите на НАСА ќе бидат во црна боја


Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) и компанијата со седиште во Тексас, Axiom Space, претставија нов дизајн за вселенски костим што би можел да го носи првата жена и личност која не е бгелец, што ќе одат на Месечината. Вселенските костуми претставени во Вселенскиот центар Хјустон се прототипови, иако компанијата вели дека костимите за […]

Инстаграм добива нова функција


„Мета“ секојдневно ги надградува своите апликации со нови функции и функции. Една од нив наскоро доаѓа на Инстаграм. Instagram развива нова функција наречена Latest Shares за да го поедностави процесот на наоѓање и повторно споделување на Reels кои претходно биле испратени до пријателите во директни пораки (DM). Оваа информација првично беше објавена на Твитер, за […]

Пентагон објави документи за можно присуство на вонземјани


Пентагон објави нацрт-документ минатата недела, каде што се наведува дека вонземјани можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат мали сонди за истражување, како што прави НАСА кога истражува други планети. Тој нацрт-извештај е напишан од Шон Киркпатрик – директор на Канцеларијата за решавање на аномалии од сите области (ААРО) на САД и Абрахам Лоуб – […]

Дали врне дожд од дијаманти на Уран и Нептун и што навистина значи тоа?


Под ледените атмосфери од водород и хелиум на Нептун и на Уран, течната обвивка е богата со вода, амонијак, метан и можеби нешто многу блескаво – дијаманти. Научниците долго време се сомневаа дека скапоцените камења може да врнат од обвивката на овие ледени џинови кон цврстото јадро. Внатрешната структура на Нептун е слична на онаа […]