Кој ќе лета со Артемис околу Месечината?


НАСА откри кои се четворицата астронаути кои ќе летаат околу Месечината до крајот на следната година. Првата екипа на Месечината по 50 години вклучува една жена и тројца мажи, од кои еден Канаѓанец. На церемонија во Хјустон, НАСА ги претстави Рид Вајсман од НАСА, Виктор Гловер и Кристина Кох и Џереми Хансен од Канада. Тие […]

Критичарите го исмеваат филмот на Џенифер Анистон и Адам Сендлер: ChatGPT можеше да смисли подобро сценарио


Продолжението на филмот „Murder Mystery“ пристигна на Нетфликс и веднаш се најде на врвот на листата на најпопуларни филмови на платформата за стриминг. Кога беше објавено снимањето на вториот дел од оваа комедија, се очекуваше многу од него, но многу гледачи останаа незадоволни. Некои критичари тврдат дека единствената причина зошто на овој филм му се […]

Научници: Значително ќе се зголеми смртноста од горештините, еве каде ќе биде најлошо


Исполнувањето на глобалната цел за спречување на климатските промени, исто така, ќе спречи стотици илјади смртни случаи поврзани со екстремните горештини на Блискиот Исток и Северна Африка, рекоа научниците и ги повикаа властите во регионот подобро да се прилагодат, пренесе Хина. Тие пресметаа дека смртните случаи поврзани со топлина на Блискиот Исток и Северна Африка […]

Растенијата „врескаат“ кога се под стрес, но кој ги слуша?


Најнова студија тврди дека растенијата кога се под стрес освен други работи испуштаат и звук, иако научниците не знаат како го прават тоа. Кога се под стрес, растенијата можат да го променат својот мирис, боја и облик. Научниците овие промени ги објаснуваат со што на тој начин растенијата им сигнализираат на останатите растенија во близина […]

Нов ровер за на Месечината, би бил голем колку „џип“


Новата вселенска компанија „Астролаб“ соопшти дека неодамна потпишале договор со „Спејс-Икс“ за карго-мисија „Старшип“, планирана за средината на 2026 година. Имено, компанијата работи на возило коешто, според најавите, ќе треба да превезува опрема, материјали и луѓе низ површината на Месечината. Станува збор за ровер наречен „Флексибилна логистика и истражувања“ (Flexible Logistics and Exploration – ФЛЕКС). Ќе […]

Во КИЦ отворена изложбата за млади „Вселена. Човек. Интелигенција“


Интерактивната изложба за млади „Вселена. Човек. Интелигенција“ од денеска до 28 април ќе биде отворена во изложбениот простор на Културно -информативниот центар во Скопје (КИЦ-Скопје).  Изложбата ја отворија продеканката за финансии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Магдалена Костоска, заменик-амбасадорот на Германија Ото Граф и основачот на апликацијата „Мој воздух“ Горјан Јовановски. […]

Одржувањето на еден од најдолгите автопати во светот се одвива ноќе: „Уникатен свет“


Длабоко под Ла Манш, работници со портокалови јакни и бели шлемови возат горе-долу по еден од најдолгите подземни автопати во светот, работејќи напорно за да го одржат непреченото движење на возовите. Тие го минуваат патот долг педесет километри што ги поврзува Франција и Велика Британија, одржувајќи ги шините во два соседни тунели, кои се наоѓаат […]

Гете-институт ја носи во Скопје светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија


Во Скопје денеска во 11 часот во КИЦ ќе биде отворена интерактивна изложба која ќе опфати пет големи тематски области како вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција.   Како што најави Гете институтот – Скопје, изложбата ќе ја отвори заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, а ќе има претставници и од Министерстовото […]

Како си помина Бил Гејтс во самоуправувачки автомобил во Лондон (видео)


Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, најблаго речено, беше изненаден од автономното возење во пракса, кога ги сфати предизвиците во креирањето на вакви системи. Тој доби можност да вози во електричен Jaguar I-Pace опремен со системот за автономно возење на Wayve. Во исто време, тие не користеа строго контролиран полигон за возење на вакви автомобили, туку […]

Хиперсоничниот авион „Ајгер“ ќе патува од Европа до Австралија за само четири часа


Швајцарската компанија „Дестинус“ развива патнички авион на водород кој ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа. „Дестинус“ го тестираше авионот две години, а успешните летови ги потврди на крајот на 2022 година. Сега, шпанското Министерство за наука го избра „Дестинус“ да учествува во стратешка иницијатива и обезбеди средства […]

„Вирџин орбит“ на Ричард Бренсон ги напушта вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените


Деновите на лансирање на сателити во вселената за Virgin Origin се минато. По шест години работа, подружницата за лансирање на сателити на „Вирџин“ соопшти дека повеќе нема средства за финансирање на операциите и дека ќе се затвори. Речиси 90 отсто од вработените во Virgin Orbit ќе бидат отпуштени, поточно 675 луѓе. Virgin Orbit е основана […]

Откриена незамисливо голема црна дупка, 30 милијарди пати поголема од масата на Сонцето


Британски астрономи открија огромна црна дупка, околу 30 милијарди пати поголема од масата на Сонцето. Научниците од Универзитетот во Дурам рекоа дека црната дупка е една од најголемите откриени досега. Тимот ги опиша нивните наоди, објавени во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, како „исклучително возбудливи“. „Оваа конкретна црна дупка, која е приближно […]

Можеби има многу чудни планети направени од темна материја во универзумот


Иако не сме нашле многу планетарни системи кои многу наликуваат на нашиот, сите оние што сме ги забележале досега имаат една заедничка карактеристика – тие се состојат од обична барионска материја; односно од нормална материја. Но, што ако има планети во универзумот направени од мистериознате супстанција што ја нарекуваме темна материја? Никој не може со […]

Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина претставени на изложба во Кочани


Можностите за искористување на остатоците од земјоделството како готови производи и прототип-дизајни се претставени на изложба што денеска ја организираше граѓанското здружение за културно-уметнички дејности „Одоната” од Кочани. Изложбата е дел од проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, што се реализира во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје, а […]

„Ватсап“ работи на функцијата за уредување пораки


WhatsApp работи напорно на негово подобрување, а новата функција што ќе ја добијат корисниците е уредување, односно уредување на испратени пораки. Исто како и избришаните пораки, уредените пораки ќе се прикажуваат како „уредени“ на сите учесници во разговорот. Првично беше објавено дека WhatsApp работи на опција за Android и iOS, но најновиот извештај вели дека […]

Вечерва пет планети видливи од Земјата


Љубителите на астрономијата оваа недела ќе можат да видат редок феномен на небото во кој главната улога ќе ја имаат дури пет планети, пишува Кајгана. Имено, Меркур, Јупитер, Венера, Уран и Марс ќе бидат видливи од земјината перспектива како совршено порамнети во необичен распоред кој се случува само во многу ретки случаи. „Овој пат можете […]

„Гугл“ ја објави листата на телефони кои се на мета на хакери – дали вашиот е меѓу нив?


„Google“ проектот „Project Zero“ ја откри ранливоста на одредени уреди поради кои хакерите без интеракции можат да пробијат во телефонот. Објавена е листата на потенцијално загрозени телефони и упатство за нивна заштита. Неодамнешното откритие на истражувачите во проектот „Project Zero“ покажало дека некои телефони имаат сериозни грешки поради кои не е потребна интеракција на корисникот […]

Бензинците сè попопуларни во Германија


Возачите во Германија покажуваат зголемен интерес за купување автомобили со бензински мотори, и покрај притисокот на еколошките активисти за возила со нула емисија, покажа едно ново истражување. Во истражувањето на Forsa нарачано од Targobank, 30 отсто од возачите изјавиле дека би купиле автомобил со бензински мотор, според истражувањето објавено во неделата. Во минатогодишното истражување нивниот […]

„Уанвеб“ ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск – лансирани последните 36 сателити од првата група


Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година. Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и […]

Што, по ѓаволите, не е во ред со ТикТок?


Западните влади се лути на ТикТок. Кинеската апликација која ја сакаат тинејџерите ширум светот е обвинета дека овозможува шпионирање, не ги штити личните податоци, па дури и ја корумпира младината. Владите во СAД, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и ширум Европа одлучија во последните месеци да ја забранат употребата на TikTok на официјалните телефони. Ако […]